ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Драги Рашковски поднесе неотповиклива оставка од функцијата

Драги Рашковски преку писмо упатено до премиерот Зоран Заев се повлече од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите во спроведувањето на програмите за работа на Владата, дознава  Алсат.

„Кога политиката (политиканството) ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува несоодветна за некој што е навикнат да бара логика во сè. Затоа, Ви го доставувам ова неотповикливо повлекување од позицијата Секретар за поддршка и мониторинг на институциите за време на спроведувањето на програмата на Владата на Република Северна Македонија и стратешките проекти. Мојата улога и на оваа позиција и на претходната позиција како генерален секретар беше да му дадам нова динамична димензија на општествениот живот“, се наведува меѓудругото во оставката на Рашковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button