ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила помеѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.

На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје.

Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button