ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Електрични автомобили „Е-Го“ отиде во историја

Електрични автомобили „Е-Го“ отиде во историја

Една недела откако Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони објави дека процесот за доделување државна помош за фабриката за електрични автомобили во Тетово „Е-Го“ е при крај и дека фабриката ќе почне да се гради, во последен момент се случи спротивното. Од Дирекцијата сега соопштуваат дека договорот за основање на фабриката е раскинат. Ова се должи на банкротот на фабриката „мајка“ во Германија, што го оневозможува продолжувањето на овој договор.

„Во текот на вчерашниот ден бевме известени од „матичната“ компанија дека испратила до судовите во Германија, со кои оваа компанија бара влез во ликвидација и тоа беше доволно за да сфатиме дека ризиците за овој проект се зголемени и ние веднаш ја активиравме заштитната клаузула за договорот, што значи дека државата нема да дава помош во случај на ликвидација или стечај на компанијата, а ја објавивме нашата информација дека договорот е раскинат во моментов, а државната помош нема да се реализира на оваа фаза”, рече Јован Деспотоски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Потфрлувањето на овој проект за Тетово и тетовци не е ништо ново. Жителите велат дека изненадувањето би било големо доколку некој проект што го најави Владата се изведе до крај.

За овој проект беше најавена инвестиција од околу 130 милиони евра, од кои 45 милиони помош од Владата. Камен-темелникот за изградба на фабриката за електрични автомобили Е-го во Индустриската зона во Тетово беше поставен во август 2022 година. За време на поставување на камен темелникот, челниците на ДУИ ветија илјадници вработувања./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button