ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Енергетската криза ќе се бајпасира со ТЕЦ Неготино

Следната недела ќе биде распишан јавен повик за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, дознава Алсат. И овој енергетски „пензионер“ власта реши да го стави во погон, по неуспешниот обид за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК Битола. Од ТЕЦ Неготино велат дека доколку Владата реши утре да биде ставена во функција електраната, имаат доволно мазут за да почнат да произведуваат струја. Но, од државната електрана велат дека немаат за производство на електрична енергија за подолг период. Тец Неготино не работи од 2009 година.

„ТЕЦ Неготино е со капацитети со вкупна моќност од 210 мегавати. Првиот котел е со капацитет од 90 мегавати а вториот е со 120 мегавати. Месечна потрошувачка за еден блок се потребни 20 илјади тони мазут, а за да работат двата блока потребни се 40 илјади тони мазут за еден месец“, велат од ТЕЦ Неготино.

Од ЕСМ велат дека производството на електрична енергија е стабилно и снабдувањето на домаќинствата се одвива редовно и непречено. Сепак ваквите тенденции да продолжат зависи од тоа дали ќе биде успешен повторениот тендер за јаглен , откако првиот беше неуспешен.

„Доколку и овој пат пропадне тендерот и не се набави доволно количество на јаглен за третиот блок на РЕК Битола, тогаш надлежните велат дека ќе се оди на опција Б. А тоа е набавка на електрична енергија од берзите каде што се тргува по многу повисока цена, од онаа која што државата ја дава на Универзалниот снабдувач“.

Дека ситуацијата е сериозна зборува и вчерашната средба на првите луѓе на енергетските компании кои анализираа дали да се прогласи енергетска криза во земјава.

Термоцентралата Осломеј за која веќе се обезбедени 300 илјади тони, повторно ќе биде пуштена во погон на 15ти ноември. Инаку, цената на струјата во последниве месец дена порасна за речиси пет пати, но тој ценовен шок граѓаните нема да го почуствуваат до Нова година, за потоа не се знае колкави ќе бидат сметките на домаќинствата. Компаниите кои се на слободниот пазар веќе два месеци плаќаат најмалку за двојно повисоки цени за електрична енергија, а тоа влијае и на нивните крајни производи кои ги пласираат на пазарот.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button