ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: За 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска изјави дека околу 180 илјади граѓани се регистрирани во системот „Мој Термин“ со возраст над 70 години и хронични болести.
„Од нив, 50-тина илјади се веќе пријавени преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ или преку матичните лекари за вакцинација, меѓутоа ние имаме и дополнителни механизми коишто ќе ги активираме да се повикаат. Тоа е нешто на што и сега тимот кој е задолжен активно работи. Важни се неколку работи, прво дека е исклучително висок процентот на здравствени работици коишто покажаа интерес да се вакцинираат. Ние во овој следен период, не повеќе од 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници, близу 4000 коишто работат со ковид пациенти. Задоволни сме и од одзивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата.“ – истакна Филипче.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button