ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Финансиската штета од енергетската криза ќе достигне 250 милиони евра, ќе ја платат граѓаните

Над 250 милиони евра во моментов е штетата која ја предизвика енергетската криза во земјава. Директорот на МЕПСО, Куштрим Рамадани, за Алсат вели дека алармирал уште во август годинава, со барање за зголемување на домашното производство на електрична енергија, но никој не го сфатил сериозно. Овие пари ќе ги враќаат граѓаните, преку поскапа струја или преку државна парична помош за покривање на дупките во енергетските компании.

„Ова може само на два начина, или преку цената или преку евентуална помош која би ја дала државата за надминување на оваа криза. Трет начин нема“, рече Куштрим Рамадани директор на МЕПСО.

Пред речиси два месеци Рамадани во Економски магазин на Алсат предупредуваше дека минусот во енергетскиот сектор изнесува 150 милиони евра, но претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски го негираше овој податок и сметаше дека штетата нема да достигне толку голем износ.

Пред два дена, Бислимовски излезе со нов став – и не само што потврди дека штетата ке биде милионска, туку даде проценка и дека ќе надмине 230 милиони евра.

Од Министерството за финансии не добивме конкретен одговор за тоа, како ќе се покрива или финансисра направената милионска штета во енергетиката во Македонија.

Министерот Фатмир Бесими на последната средба со бизнисмените потенцираше дека досега ЕСМ добила од државата нешто над 90 милиони евра за надминување на кризата, останати средства се предвидени за зголемување на домашното производство на струја како и неколку други социјални мерки. Енергетските компании веќе ги доставија пресметките за трошоците направени во нивното работење, и сега се чека одлуката на регулаторна за тоа што ќе признае и колку тие трошоци ќе ја зголемат цената на електричната енергија за домаќинствата.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button