ВЕСТИСВЕТ

Германија воведува ограничувања „како никогаш досега“

Од денеска Германија е во строг карантин, како и во март, кога рестораните, кафулињата и продавниците беа затворени за прв пат, а јавниот живот во голема мера запре. Сега ограничувањата се уште построги.

Сите мерки што властите ги донесоа во неделата ќе се применуваат најмалку до 10 јануари.

Како што претходно рече претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, ова се мерки што „не биле видени во историјата на земјата“.

Кратко, но строго заклучување треба да ги промени работите, односно да го намали бројот на нови инфекции и бројот на смртни случаи од вирусот корона, пишува ДВ.

Сепак, останува прашањето што ќе се случи ако бројот на новозаболени лица на почетокот на јануари продолжи да биде значително поголем од 50 на 100.000 жители во рок од седум дена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button