ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Групата „Јавна соба“ на Телеграм повторно активна, се објавуваат експлицитни видеа и фотографии!!!

Се реактивираше групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“. Во неа повторно се споделуваат експлицитни фотографии на девојки и малолетни девојчиња, профили од нивните социјални мрежи, кој каде живее, броеви, па дури и цени за сексуални услуги. Во групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ има повеќе од 6.500 членови и се споделени околу 10.000 фотографии и видеа. МВР истражува кој стои зад групата и ги повикуваат граѓаните да пријават доколку се жртва на злоупотреба. Од полицијата негодуваат дека од „Телеграм“ не соработувале за да се сузбие групата.

„МВР презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај“, велат од МВР.

Обвинителството моментално следи што се случува.

„Што се однесува до новата група со слична содржина, Јавното обвинителство ги следи информациите и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело“, велат од Обвинителството.

Групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ беше откриена лани, па по реакциите во јавноста беше затворена. Но засега никој не одговораше кривично за злоупотреба на лични податоци и за сексуална експлоатација на деца преку Интернет.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button