ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Хидроцентралата на Шара може да ја загади водата за пиење

Општина Тетово молчи и не дава одговор на прашањата на Алсат, дали локалната самоуправа го има заштитено изворот на реката Пена од каде градот се снабдува со чиста вода за пиење. Од секторот за односи со јавност во  Тетово вчера рекоа дека одговор ќе добиеме денеска, но ПР службата освен што не ни испрати одговор денеска не одговораше ни на нашите телефонски повици. Ситуацијата е повеќе од загрижувачка, бидејќи според тврдењата на Инспекторатот за животна средина една од малите хидроелектрани кои се градат на Шар Планина е во непосредна близина на изворот на реката Пена и е можно загадување на чистата вода за пиење.

„Утврдивме дека онаа која што е најнапредната со градба, а која е лоцирана највисоко на планината на реката Пена има потенцијална можност за загадување на водите за водоснабдување на градот Тетово“, рече Ана Петровска, в.д. директорка на Инспекторат за животна средина.

Еко-здруженијата остануваат на ставот дека економија и екологија не одат заедно. Во заштитено подрачје не смее да се пешачи а не да се гради електрана, децидни се екологистите.

„Законот за национален пар на Шар Планина треба да предвиди прекин на градежните работи, какви и да се хидроелектрани. Но, јас би одел уште еден чекор напред, рушење на хидроцентралите што веќе се изградени затоа што штетата што им се прави на животната средина е неповратна“, рече Аријанд Џафери, „Еко герила“.

Должни со одговори денеска ни останаа и од Министерството за животна средина. Не добивме одговор од ресорното министерство дали хидроцентралата на реката Пена за која што вчера предупреди директорката на инспекторатот е во строго заштитената зона на Националниот парк. Со прогласувањето на Шара за Национален парк, треба да се забрани издавањето на концесии за нови хидроцентрали, а на оние кои добиле дозволи, а не почнале со градба треба да им се одземат.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button