МАКЕДОНИЈА

Хоџа: На граѓаните кои ќе се вратат по 1 септември, а немаат ПЦР тест, ќе им се одреди мерка карантин од 7 дена

„На последната седница Владата на Република Северна Македонија ги усвои измените и дополнувањата на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19. Со овие измени на мерките се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30 проценти од капацитетот на просторот, а на отворено до 50 проценти од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19“, рече Хоџа.

„Од тука сакаме да истакнме дека Останува забраната за одржување свадби, родендени и други приватни прослави во затворените делови на угостителските објекти, како и сите други мерки согласно одлуката од 99-та седница според која за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, односно задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи, и тоа:
– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) односно примена најмалку прва доза вакцина
– Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена
Во однос на одлуката за влез на територија на РСМ, од 1 септември 2021 година сакам да потестиме дека задолжително е приложување на еден од следните документи:
– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација), најмалку две дози
– Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или
– Медицинска потврда со негативен PCR, не постар од 72 часа“, изјави Муамет Хоџа, портпарол на Владата.

Според портпаролот Хоџа нашите граѓани кои ќе се вратат по 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена.

„Дополнително, странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата“, нагласи Хоџа..

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button