ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Холштајн: Напредокот кон ЕУ, зависи од успешното справување со корупцијата

Холштајн: Напредокот кон ЕУ, зависи од успешното справување со корупцијата

Германската амбасадорка во Скопје Анке Холштајн ги критикува институциите за слабата борба против корупцијата во земјава. Според неа, причината поради која некои земји кандидати за членство во ЕУ преговараат со години е токму неефикасната борба против корупцијата

„Знаете дека во интегративниот процес за ЕУ, поглавјето за владеење на правото е голема рамка која прва се отвора и последна се затвора. Причина за ова е што многу земји кандидати имаат многу работа во ова поглавје, а вашата земја е еден таков пример. Ова го вклучува најважното нешто, а тоа е уништување на корупцијата. Остануваме посветени да и помогнеме на Северна Македонија да ја уништи корупцијата. Сите знаеме дека тоа е тешка задача што е пред вас. Ова не се однесува само на политичарите, туку на сите граѓани кои треба да знаат дека кога одат на лекар не треба да остават банкноти во капутот на докторот”, рече Анке Холштајн, амбасадорка на Германија.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека борбата против корупцијата останува приоритетно прашање во неговата Влада. Запрашан што направил, Ковачевски дел од вината ја префрли на опозицијата поради блокадата на реформските закони во Собранието.

Критики упати и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој рече дека се чувствува разочаран бидејќи биле дадени многу пари од ЕУ за борба против корупцијата, а резултатите се невидливи. Ист став имаше и американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер, која изјави дека и покрај поддршката од САД, земјата не постигнала значителен напредок во борбата против корупцијата./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button