ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И Фросина Ременски ја сака лидерската фотелја на СДСМ

Fatlume Dervishi

Официјално, две кандидатури за замена на Зоран Заев на чело на СДСМ … Во трка влезе поранешната потпретседателка и поранешна пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски. Таа вели дека за неа  е разбирливо што владата му изразува поддршка на Димитар Ковачевски бидејќи тој е дел од владиниот кабинет.

Другиот кандидат за претседател на СДСМ Димитар Ковачевски при поднесувањето на својата кандидатура рече дека  најважно е внатрепартиското единство. Во моментов, заменик министерот за финансии, Ковачевски ја доби поддршката од Заев да ја води СДСМ во следниот период.

Можноста за нови кандидатури е отворена до 3 декември. Членството на СДСМ на 12 декември  на непосредни избори ќе  го избира следниот партиски лидер. По изборот на претседавач, на вонредниот Конгрес мора да се консолидираат и другите органи на партијата. Следниот претседател на СДСМ се очекува да биде иден мандатар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button