ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И „шкодата“ на обвинителот Бубевски зафатена од пожарот кај бараката на „Улици и патишта“

Едно од возилата кое ноќеска било опожарено во близина на изгорената барака на ЈП Улици и патишта, е сопственост на обвинителот Гаврил Бубевски.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 1 часот по полноќ добиле пријава дека на улицата Стефан Јакимов Дедов настанал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. (38) од Скопје.

– Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б. (45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени – информира МВР.

Обвинителот Гаврил Бубевски не верува дека неговото возило било цел на некаков напад.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button