ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Денеска истекува рокот за преименување на двата бугарски клуба во земјава, според законот со кој се осудува промовирање фашизам.

Од клубот „Цар Борис Трети“ побарале промена, од „Иван Михајлов“ најавуваат тужба.

По отворањето на бугарски здруженија и клубови во Македонија кои носат имиња на спорни историски личности, Собранието донесе законски измени со кои се осудува промовирањето фашизам и нацизам. Измените предвидуваат во иднина да не може да се регистрираат организации со контроверзни имиња, по примерот на двете бугарски здруженија и истоимените клубови. Веќе формираните пак добија рок од три месеци за промена на имињата, кој истекува денеска, по што треба да бидат избришани од Централен регистар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button