МАКЕДОНИЈА

Изгоре столарска фабрика во струмичко Ново Село

Во голем пожар изгоре пилана и погон за производство на столчиеа во струмичкото Ново Село. Пожарот го зафатило и соседното складиште со градежни материјали. Пожарот избувнал во раните утрински часови, а противпожарните единици неколку часа се бореле со огнената стихија.

Од противпожарната единица Струмица велат дека во гасењето учествувале четири противпожарни возила и десет пожарникари-спасители. Увидна екипа на СВР била на местото на настанот. Материјалната штета и причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button