ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Извештајот на УНЕСКО ќе се разгледува на владина седница

Владата ќе ги превземе сите потребни чекори за да го заштити Охридскиот регион според препораките на Унеско. За министрот за транспорт Благој Бочварски доколку локалните власти немаат волја за решавање на проблемите, Владата ќе биде таа која ги превзема потребните чекори. Набрзо на владина седница ќе се разгледува целосниот извешај на УНЕСКО во кој се препорачува Охридскиот региоон да биде впишан на листата на светско културно и природно наследство во опасност.

„Тоа што е потребно е силна кординација помеѓу сите инстанци на власта и центалните инистуции и локалните кои што имаат свои ингеренции за справување со одредени состојби како решеавање со дивоградбите. Доколку некој нема волја да работи и да ги решава проблемите кои што му се дадени во ингеренции од граѓаните на непосредни избори тогаш ќе ги превземеме сите оние чекори за овој статус на охридскиот регион да не биде загрозен“, рече Благој Бочварски-Mинистер за транспорт и врски.

Последниот извештај на УНЕСКО говори дека во послениве три и пол години ништо не е направено, спороведени се низа на празни и бесмислени чекори обвинуваат од невладината Фронт 21/42. Тие бараат Претседателот лично да се заложи за заштита на охридскиот регион.

„Претседателот да му наложи на Министерот за животна средина и просторно планирање итно да ги стави Охридското Езеро, Студенчишко Блато, Студенчишки канал и Билјанини извори под привремена заштита.Да и наложи на Владата итно да го актуализира процесот на усвојување на новиот Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион“, велат од невладината „Фронт 21/42“.

Во последните препораки на УНЕСКО главните забелешки се несправување со дивоградбите, немањето депонија, нефункционалниот колектор како и некотролираната урбанизација.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button