ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против шефот на Управниот суд, Бурим Сејдини

Кривична пријава против шефот на Управниот суд, Бурим Сејдини

Вработени во Управниот суд во Скопје поднесоа кривична пријава против првиот човек на овој суд Бурим Сејдини поради сомнение за злоупотреба на службената должност. Кривичната пријава која ексклузивно ја обезбеди Алсат е испратена до Финансиската полиција, Комисијата за спречување на корупцијата, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Содржината на пријавата првенствено вклучува сомневања за рачна распределба на предметите, иако Сејдини бил должен тоа да го прави преку електронскиот АКМИС систем. Според анонимните пријави од вработени, Сејдини е осомничен и дека неодамна вработил две лица во судот, но според нив, тоа е спротивно на законот бидејќи се работи за мајка и ќерка и дека во овој случај има конфликт на интерес.
Пријавата содржи и тврдење за намерно застарување на над 190 предмети од 2021 до 2023 година, главно финансиски предмети од Царината и од Управата за јавни приходи. Неофицијално, нанесената штета на државниот буџет би изнесувала милиони евра. Засега не се знае дали ваква буџетска штета е констатирана и во Финансиската полиција и Антикорупциската комисија.

Кривична пријава

Рачна распределба на предмети со злоупотреба на АКМИС системот
Вработување спротивно на законот (конфликт на интереси)

Намерно застарување на 190 предмети (Царина и УЈП)

За кривичната пријава бил известен и Судскиот совет, кој во средата иницирал формирање на комисија која треба да изврши контрола во Управниот суд. Но, од сè уште непознати причини, формирањето на комисијата било одложено за септември.

Ваква фактичка состојба во Управниот суд и непостапување по жалби во Вишиот управен суд беше констатирана и во извештајот од април 2019 година, иако тој беше отстранет од веб-страницата на Министерството за правда во 2021 година.

Во него беше наведено дека при увидот се констатирани претставки од 2014, 2015, 2016 и 2017 година кога претседател на судот била Јетмире Ајдини Бошњаку.

Инаку, за истото дело, злоупотреба на АКМИС системот, поранешниот прв човек на Кривичниот суд Владимир Панчевски е во затвор каде издржува казна од 3 години и 6 месеци. За непостапување и судење во разумен рок, биле извршени контроли и во други судови низ земјава, но јавноста нема увид во тоа што било констатирано, а нема ниту извештај од Судскиот совет.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button