ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

КСС на протест пред Собранието

„Не за кршење на законите и колективните договори. Да за почитување на гласот на работниците. Да за пристојна плата, да за пристојна работа, да за пристоен живот“ пишуваше на транспарентот што денеска стоеше пред Собранието за време на протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Тие денеска пред законодавниот дом го изразија своето незадоволство поради носењето на Предлог-Законот за административни службеници, кој е влезен во собраниска процедура по скратена постапка.

Со Предлог-законот за административни службеници, претседателот на КСС Благоја Ралповски вели се изземаат круцијалните права на работникот, вадење на минималната плата, како и непочитување на Законот за минимална плата.

„Овој закон нема ништо европско, со овој закон само се поттикнува непотизмот и примитивизмот. Вадењето на минималната плата да важи од март, а сите други одредби од 01.01.2025 година, мислиме дека не е време да се носи еден ваков закон, како што го кажуваат реформски и европски, а нема ништо европско, ниту реформско“, рече Ралповски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button