ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лимани: ДУИ ми испрати посредници

Неколку дена по јавните обвинувања против ДУИ за корупција и рекет, внукот и соработник на лидерот на интегративците Али Ахемети, Фатмир Лимани денес за Алсат изјави дека високи функционери на ДУИ испратиле посредници да ја повлече неговата кандидатура за градоначалник на Кичево.

„Има пријатели кои вчера и денес се обидоа да ја играат улогата на медијатори, но без да кажат точно од каде се и кој ги испраќа и ме повикуваат уште еднаш да соработуваме заедно. А мојот став е јасен, непоколеблив и ќе остане така до крајот на целиот овој процес што го започнав и ќе продолжам да работам и да ја развивам оваа активност како независен кандидат, така ќе го водам целиот овој процес“.

И покрај обидот да добиеме коментар за обвинувањата на Лимани, и денес во ДУИ молчат. Портпаролот на партијата Бујар Османи не сакаше да коментира, а сегашниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари не одговори. Лимани за Алсат исто така изјави дека не е изненаден од молкот на ДУИ бидејќи е навикнат на нивното однесување.

„Не им е лесно да се изјаснат, ги разбирам и нив, но кога злото надвладува над доброто, тогаш доаѓа до ова. Јас во разни периоди ги поддржував со надеж дека ќе биде подобро, работите да одат на подобро, но стануваше полошо и полошо “.

Лимани најави дека ќе се кандидира како независен кандидат во Кичево, а од лидерот на интегративците, Али Ахмети побара да ја исчисти партијата која тие заедно ја основале од структури, како што вели тој, надвор од контролата на ДУИ. Лимани рече дека ДУИ отстапувала идеолошки од моментот кога од нејзините редови се ослободи од елементот на патриотите, борците и политичките затвореници.

Alsat

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button