ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Лорер: Декември нереален рок за целосен договор со С Македонија

Четиринаесетти декември не е реален рок за постигнување целосен договор со Северна Македонија, изјави за радио БТВ, Даниел Лорер, од коалицијата „Промената продолжува“, кој се смета за најсериозен кандидат за министер за надворешни работи во новата влада во Софија

Според Лорер, ако единствено историјата биде оставена да ги движи преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, тоа нема да биде доволно добар резултат и за двете страни.

Тој вели дека ќе бидат отворени и дополнителни дискусии во однос на економскиот напредок меѓу двете земји.

„Почитувањето на правата на македонските Бугари е од првостепено значење. Претстојат преговори врз база на факти, а не на шпекулации, доколку тие права биле повредени. А, разговорите за историјата ќе се движат напоредно, така што и Софија и Скопје ќе бидат задоволни“, додаде Лорер.

Лорер додава дека спорот бил длабок и тие дискусии треба да го поминат својот пат, што се случува меѓу сите соседни народи на Балканот.

„Патот, не само на Северна Македонија, туку и на Албанија и останатите земји од регионот е кон ЕУ и Бугарија би сакала, кога Северна Македонија ќе влезе во тој процес, тоа да се случува без правата на македонските Бугари да бидат повредени. Но, од друга страна, треба да има економска програма, што ќе ја обезбеди економската благосостојба и ние имаме доста конкретни планови, тоа да се случи“, вели Лорер, кој ниту потврдува, ниту демантира во врска со тоа дали ќе биде предложен за министер за надворешни работи на Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button