ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија, Албанија и Србија со договори за економијата, образованието, културата и туризмот

Македонија, Албанија и Србија со договори за економијата, образованието, културата и туризмот

Македонија, Албанија и Србија потпишаа четири договори со кои дополнително ќе се продлабочи соработката во економската сфера, образованието, културата и туризмот. Првиот договор се однесува на борбата против даночното затајување. Постигнатиот договор ја нагласува потребата од заедничка работа за поттикнување на исполнување на даночните обврски во сите три земји.

 Во текстот на Договорот предвиден во областа на меѓусебното признавање на дипломите, иницијативата се залага за забрзување на процедурите за признавање на дипломите за високо образование меѓу Србија, Албанија и С Македонија. Се прецизира дека дипломите со апостилен печат на надлежната институција подлежат на директно признавање. Доколку постои сомнеж за автентичноста на дипломата, се предвидува можност потврдата да се бара по електронски пат од институцијата што ја издала. Меморандумот за културна соработка промовира културна различност, меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање. Во седумте членови од Меморандумот, државите се обврзуваат да ја поттикнат мобилноста на културните работници, финансирањето на културните проекти и продлабочувањето на институционалната соработка. Во Меморандумот за разбирање во областа на туризмот на Западен Балкан, државите предвидуваат формирање на туристичка карта наречена „Отворен Балкан“. Премиерот Еди Рама рече дека е задоволен од постигнатите резултати во туризмот од почетокот на иницијативата.

 „Јануари-април, не зборуваме за шпицот на сезоната, имаме 110 % зголемување на бројките од српски туристи во Албанија и 51% повеќе од Северна Македонија во Албанија. А бројките од летото ќе бидат уште поголеми. И кој добива од ова? Александар Вучиќ кој на Албанија му го зема морето како тоа чудовиштето кое излегува од вода?! Или добиваат сите тие луѓе кои изградија хотели и кои нудат услуги на целото албанско крајбрежје, каде доаѓаат туристи и плаќаат?,“ рече Еди Рама, премиер на Албанија.

Во рамките на „Отворен Балкан“, Албанија, Србија и С Македонија веќе склучија и други договори, како минување на границите само со лични карти, соработка за олеснување на увозот и извозот на стоки, како и меморандум за разбирање и соработка за слободен пристап до пазарот на трудот.

Исуф Кадриу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button