ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонските граѓани сметаат дека супер сили во следната деценија ќе бидат САД, Русија и Кина

Македонските граѓани сметаат дека САД, Русија и Кина ќе бидат супер сили во следната деценија, покажуваат најновите резултати од истражувањето на Галуп интернешенел, насловено „Крајот на годината“.

На прашањето „која од следниве сили ќе биде супер сила во 2030 година“, 65 отсто од граѓаните во земјава одгвориле дека тоа ќе биде Русија, 60 проценти одговориле дека тоа ќе бидат САД, а 57 отсто рекле дека Кина ќе биде супер сила на крајот од оваа деценија.

Вкупно 29 проценти од анкетираните одговориле дека супер сила ќе биде Европската Унија, 36 отсто дека тоа ќе биде Јапонија, 26 отсто Велика Британија и пет отсто дека тоа ќе биде Индија.

На прашањето „што мислите за меѓународните политики на следните четири суперсили – дали нивните политики го стабилизираат или дестабилизираат светот“, 43 отсто одговориле дека САД го стабилизираат светот, таков став за Русија имаат 30 проценти, за Кина 20 отсто и за ЕУ 43 проценти.

Вкупно 56 отсто одговориле дека Кина го дестабилизира светот, 54 отсто сметаат дека тоа го прави за Русија, 48 проценти САД и 37 отсто ЕУ.

Во Северна Македонија истражувањето го спроведе БРИМА со телефонска анкета со репрезентативен примерок од 500 испитаници.

Истражувањето на глобално ниво опфати 44 земји во светот и повеќе од 42.000 возрасни граѓани.

Педесет и шест отсто од луѓето ширум светот се согласуваат дека во 2030 година САД и понатаму ќе бидат суперсила.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button