ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матичарите во Тетово штрајкуваат, од утре нема венчавки!

Вработените во Управата за водење на матични книги во Тетово кои повеќе од еден месец штрајкуваат, се жалат на бројни притисоци. Добиле писмена наредба од Централната управа со која се бара да потпишат дека нема да се вратат на своите работни места.

„Најлошото е што наредбата ни дојде со испратница која мора да биде законски потпишана, иако не треба да се праќа на овој начин, бидејќи можеше да биде известување до вработените. Со жалење велам дека во овој момент наши две колешки се онесвестија затоа што им биле испратени да потпишат без да ја прочитаат оваа уредба, од нашата Управа за Тетово. Откако ја прочитале, ја увиделе грешката и нивната состојба се влошила, завршиле во болница. Имале притисок од нашиот директор во Тетово и од генералниот во Скопје, “ рече Насер Џемаили, член на Синдикатот на работниците

Доколку неделава не се решат барањата се најавува радикализација на протестите.

„Доколку не се донесе одлука за решавање на ова прашање, следната недела, од понеделник ќе бидеме на протести на повеќе локации во главниот град, “ рече Насер Џемаили, член на Синдикатот на работниците

Вработените во матичните книги во Тетово од утре повеќе нема ниту да венчаваат, иако тоа до денеска го правеа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button