ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Меѓународен сојуз“: Јовановски ги кажа своите завршни зборови

Горд сум што бев претседател на невладина организација која во своето активно работење немаше добиено ниту еден денар државни пари туку, како статутарно така и одлучено од највисоките органи, беше донесен ставот дека „Меѓународен сојуз“ ќе се финансира со вмрежување на невладината организација, бизнис-секторот, општествени дејци, рече Бојан Јовановски-Боки 13 во своите завршни зборови во судскиот процес кој се однесува на работењето на оваа организација чиј претседател беше тој, а сега е првообвинет.

„Формирањето на ‘Меѓународниот сојуз’ доаѓа како резултат на низа активности од лична природа кои сум ги имал како јавна личност повеќе од 20 и неколку години. Поради тоа што во оваа судска постапка, тезата на обвинителството, агресивната пропаганда, како во овој судски предмет така и во ‘Рекет’ беше целосна дискредитација, контаминација на мојот лик и дело, она што е добро да биде претставено како лошо, она што вредело да биде како да не постои, а фактите да се заменат со шпекулации како што е обвинението”, рече Јовановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button