ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков во Шутка за „Таргет – Тврдина“ ќе остане 60 дена

Сашо Мијалков преноќи во Шутка. Тој е сам во ќелија во притворското одделение на затворот поради здравствените протоколи, а преземени се и дополнителни мерки за безбедност.

КПУ Затвор Скопје

„Притвореното лице е сместено во одделението за издржување мерка притвор. За притворениот се преземаат засилени безбедносни мерки, во согласност со сите процедури и воспоставени стандарди. Дополнително се прават и чести контроли. Веднаш по приемот во установата, поради здравствени протоколи Сашо Мијалков како и сите други нови притворени лица е сместен сам“.

Мијалков во Шутка засега ќе остане во наредните два месеца. Извори од обвинителството за Алсат велат дека е доволна мерката притвор од 60 дена, а потоа ќе разгледуваат други опции за тој да остане во притвор. Причината, притворот на Мијалков да трае најмногу 60 дена, е поради кривичните дела кои му се ставаа на товар кога се води скратена постапка односно по обвинителен предлог каде роковите за притвор се кратки.  Според адвокатот Јован Јоанидис, за предметот „Таргет – Тврдина“ по завршување на 60 дневниот притвор на Мијалков можат да му се определат мерки на претпазливост.

„Сега нека бара обвинителство начин некој, ако има. Меѓутоа, по Закон за кривична постпка предвидено е притворот да трае 60 дена по изрекување на пресудата која што беше“

Поранешната судијка во европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска вели дека затворскиот притвор кој му беше изречен на Мијалков е очекуван по последните случувања.

„Со оглед на тоа да е тоа крајна мерка, кога вие претходно сите мерки ќе успеете да ги имплементирате и во краен случај ако не дојдете до посакуваното решение или состојба, преку тие мерки, тогаш ќе се оди на крајната мерка, односно мерката притвор. Како што е фактички во оваа ситација“

Сашо Мијалков вчера во Кривичниот суд ја слушна пресудата, откако по 40 часовно бегство неочекувано се појави во Обвинителството. Тој е осуден на 12 години затвор, а неговите адвокати најавија дека ќе ја обжалат висината на казната но и затворскиот притвор. Освен во Таргет Тврдина, против Мијалков се водат уште неколку судски предмети: „Титаник 2“, „Тортура“ и „Трезор“..Против Мијалков има и активна истрага, „Империја“, каде е осомничен  за перење пари.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button