ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски за случувањата со Бугарија: Другата страна влегува во конфликт на ниво на студена војна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во коментар на последните случувања со Бугарија денеска изјави дека предупредувале на ваквите случувања, како резултат на отстапките што ги направила нашата Влада. Другата страна, според него, влегува во т.н. конфликт, кој тој би го ставил на ниво на студена војна. Згрозен сум, вели Мицкоски, и очекува што е можно поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори.

-Ова што го гледам е нешто на кое предупредувавме дека ќе се случува. Она што вознемирува е фактот дека оваа Влада и покрај сите отстапки и покрај сѐ што беше побарано од неа, практично сѐ отстапи, сѐ потпиша, во интерес на зачувување на своите лични фотелји, гледаме дека другата страна влегува во еден т.н. конфликт кој би го ставил на ниво на студена војна, бидејќи колку што разбрав амбасадорот на нашиот источен сосед не е во државава, односно го задржале таму и не е дојден тука каде треба да ја извршува својата амбасадорска позиција, а тоа властите во Софија го правдаат како револт поради оној настан кој се случил во Охрид, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button