ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР формира кризен штаб за трагедијата: Објавен е телефонски број на кој може да се јават роднини

Во Министерството за надворешни работи (МНР) почна да функционира кризен штаб во врска со несреќата во Бугарија во која загинаа најмалку 45 лица, а објавен е и телефонски број на кој роднини и членови може да се јават за да побараат совет.

Телефонскиот број е: 075 273 732.

„Истовремено, ве информираме дека веќе двајца наши вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан. За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет“, велат од МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button