ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР: Од Евиа во неделата безбедно заминале 38 наши државјани

Министерството за надворешни работи соопшти дека грчкиот остров Евиа каде беснеат пожари во неделата безбедно го напуштиле 38-мина од 39-те туристи наши државјани, а еден останал и е сместен во безбедниот јужен дел од островот.

– Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапи во контакт со неколку тур-оператори од Република Северна Македонија кои оперираат на територијата на Република Грција и истите имале аранжмани за островот Евиа. Според информациите, во недела, на 8-ми август, на островот се наоѓаат 39 туристи од Северна Македонија. 38 од нив безбедно го имаат напуштено островот, се упатиле кон други одморалишта или им заврши аранжманот и се вратија во Северна Македонија. Додека едниот наш државјанин, кој останал на островот Евиа е сместен во јужниот дел на островот Евиа (во моментот безбедно место). Инаку, Амбасадата стапи во контакт со лицето и во моментот нема опасност од пожари во делот каде е сместен, наведуваат од МНР.

– Hашите претставништва во Грција се во континуирана комуникација со надлежните грчки институции и за сите добиени информации навремено ќе виде запознаена јавноста, наведуваат од МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button