ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наставници бараат враќање на наставата со физичко присуство, полуматурантите губат интерес за учење

Полуматурантите страдаат најмногу од последиците од неследење настава со физичко присуство. Педагогот во основното училиште „Лиман Каба“ во село Љуботен рече дека повеќето полуматуранти ја изгубиле волјата за учење „преку Интернет“, па дури и желбата за продолжување на средното образование.

„Од ден на ден бројот се намалува, особено кај деветто одделение. Ова влијае на губење на волјата на учениците да учат. Вчера имав случај со ученик во деветто одделение, ме праша нема ли да се вратиме на училиште до крајот на годинава? Му реков дека не зависи од мене и не верувам дека ќе се вратите. Беше деморализиран и си замина дури и без да се поздрави”, вели Сенат Салиу, педагог.

Учениците бараaт да се вратат на училиште со физичко присуство барем за еден или два месеци. Бидејќи, според нив, учењето„онлајн“ беше потфрлување за генерациите кои оваа година завршија основно образование.

„За нас би било многу важно да дојдеме на училиште со физичко присуство. Ние сме полуматуранти, би добиле некаков совет од наставниците. Ќе разговаравме во која насока да одиме, во кое училиште“, рече Енсар Јусуфи, полуматурант.

„Ова беше неуспех за младите генерации. Со физичко присуство беше подобро и оценките беа најзаслужени, додека „онлајн“ не знам што да кажам, катастрофа. Проблемот е затоа што електричната енергија се прекинува од време на време, проблем со мрежата имаме секој ден“, вели Нури Абдурамани, полуматурант.

Бурим Муртезани, класен наставник на деветто одделение, рече дека советувањето преку Интернет не е доволно за да им помогнат на учениците да донесат одлука за средното училиште.

„Редовно им зборуваме, бараат мислења за тоа каде да продолжат со образование, каде е подобро, каде е полошо. Поинаку би било ако дојдат еден месец или два. Ќе се гледаат, ќе добиваа мислења од други наставници, можеби ќе добиеа подобри оценки“, вели Муртезани.

И покрај барањата на полуматурантите, Министерството за образование неколку пати повтори дека учењето преку Интернет дава добри резултати и не се предвидуваат промени до крајот на учебната година.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button