ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Националната агенција за образование купила велосипеди по 2000 евра

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за еден милион денари купи електрични велосипеди и тротинети. Според договорот на Бирото за јавни набавки, набавени се десет тротинети и пет велосипеди на струја. Еден тротинет чини 40 илјади денари плус ДДВ од 7.200 днеари. Велосипедите пак се 100 илјади денари по парче, без пресметан данок на додадена вредност. Со ДДВ, цената достигнува 118 илјади денари или околу 2 илјади евра по парче. Прашавме во Националната агенција зошто ја направиле набавката.

Национална агенција за европски образовни програми

„Набавката е дел од проектот „Зелена Агенда“. Ова значи замена на постечките воизла со еколошки возила за вработените. Тоа значи дека службените обврски за каде досега беше потребен автомобил, од сега ќе се завршуваат со овие еколошки превозни средства“

Велосипедот од брендот „Benelli Nerone Fat“ со 27 инчен рам, Агенцијата го купила за 2 илјади евра по парче. Но со едноставно пребарување на интернет, оваа марка на велосипед чини 87.550 денари со вклучен ДДВ или поефтино за речиси петстотини евра од сумата која ја плаќа Националната агенција. Се јавивме во фимрата „Филаделфија ДООЕЛ“ од Кочани, компанија која победи на тендерот за набавка на тротинети и велосипеди. Прашавме колку чини велоспидеот „Benelli Nerone“. Не известија дека во палетата производи немаат електричен велосипед, туку класични велосипеди. На нивната официјална страна не може да се пронајде ниту категорија, каде имаат изложено дека продаваат и електрични тротинети. Поврторно пребаравме на интернет колку пари е тротинет од брендот „Mi Про 2“. Чини 33.490 денари во малопродажба со пресметан ДДВ додека Националната агенција за образовни програми го набавила за 47.200 денари со вклучен данок на додадена вредност. Националната агенција за европски образовни програми беше во фокус на јавноста лани, кога финансиската полиција и поднесе кривична пријава на тогашната директорка Лидија Димова за проневера на 400 илјади евра европски пари. По скандалот, Димова беше разрешена, а обвинителството ја сомничи за злоупотреба на службената положба.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button