ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наумовски: Исчекор кон ЕУ во наредното шестмесечно претседателство

Универзитетскиот професор, поранешен вицепремиер и амбасадор во САД, Васко Наумовски, во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат оценува дека шансите за надминување на пречката за почеток на преговори со ЕУ, наметнати од официјална Софија би можело да се решат дури по завршување на изборите во соседна Бугарија.

Како што вели тој, периодов од нашиот источен сосед не доаѓаат сигнали кои би можело да се протолкуваат како можност за надминување на блокадата за време на германското претседавање со Унијата.

„Во изминатите денови, недели, она што го слушаме од официјалните претставници на бугарската влада е излив на негативни чувства кон Македонија, кон македонскиот народ, што се граничи со понижување и навреди и мислам дека тоа не придонесува кон подобрување на шансите за успех… Бугарија е веќе навлезена во предизборна кампања. Ова прашање, за жал, веќе е тема во дневната политика. Мислам дека за време на наредното шестмесечно претседателство би биле поголеми шансите да се направи исчекор“, вели Наумовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button