ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не е доволна забрана на најлончиња, треба рециклирање како во Љубљана

Evi Shkopi

Екологистите ја поздравуваат одлуката за отстранување на пластичните ќеси од оптек, но велат дека нашата земја нема соодветни услови за третман на биоразградливите ќеси. Давор Пехчевски од „Еко свест“ вели дека изградбата на фабрики за рециклирање отпад е уште една неопходна мерка во земјава. Тој го зема примерот со Љубљана, која иако е помал град од Скопје, веќе неколку години има центар за рециклирање отпад, кој се снабдува само од отпадот што се создава во тој град. Сетот донесени закони, вели тој е комплексен и појдовната точка на неговото спроведување со одлуката за пластичните ќеси ќе ја зголеми свеста кај граѓаните и ќе ги елиминира навиките кои ѝ штетат на животната средина.

Доколку не се преземе иницијатива за чистење на дивите депонии создадени во земјава, пластичните ќеси кои се употребуваа изминатите години, а чие распаѓање трае стотици години, ќе продолжат да ја загадуваат животната средина, вели професор Асан Идризи.

„…Вообичаено ќесите се само еден елемент од комуналниот цврст отпад што влијае на животната средина. Како што знаеме, врз основа на овој закон и стратегија, предвидени се 8 региони каде треба да се изгради регионална санитарна депонија. За жал кај нас немаме депонија, освен Дрисла, која донекаде ги задоволува стандардите.“

Пред извесно време научниците ширум светот предупредија дека ако продолжи истиот тренд на употреба на пластика, тогаш до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку животни. Годишно милиони морски животни умираат од пластичен отпад. Еколошките организации велат дека низ океаните има околу 5,2 трилиони тони пластичен отпад.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button