ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не функционира Законот за застарување на долговите за сметки

Законот е усвоен, но не се спроведува! Извршителите брзаат со наплатата на долговите, а граѓаните најавуваат тужби. Во моментов се блокирани над 120.000 сметки на граѓани и фирми. Законот за застарување на долговите за сметки над 10 години не функционира во пракса бидејќи самите извршители одбиваат да ги избришат долговите. Нема да има застарување и бришење на долговите на јавните претпријатија, општините и граѓаните, бидејќи парламентарното мнозинство ги изгласа измените на Законот за извршување и Законот за облигациони односи со многу нејаснотии, велат од Комората на извршители.

„Извршителот не е надлежен според својата службена должност да одлучува за застареноста на побарувањата утврдена во извршното писмо за кое е поднесено барањето за извршување. Секој поднесок од странка во кој се повикува на застареност на предметот, извршителот ќе го одбие со заклучок дека нема надлежност“, наведуваат од Комората за извршители.

Со овој закон, долговите застаруваат, а каматата не треба да биде повисока од главниот долг. За брзите кредити административните трошоци треба да бидат до 60%. Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации, Марјан Ристевски, вели дека во моментов владее општ хаос. Граѓаните се гневни и на Министерството за правда, под чии ингеренции се извршителите.

Собранието минатиот месец ги изгласа измените на Законите за извршување и облигациони односи за да се намали злоупотребата, односно да се намали можноста за алтернативна заработка со камата, како и да се стимулираат доверителите за поголема ефикасност и побрза реакција. Собранието треба да излезе со автентично толкување на законот за да нема манипулации, велат од Конфедерацијата на синдикати.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button