ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Недостасуваат работници во туризмот, лани беше лошо, годинава полошо

Недостасуваат работници во туризмот, лани беше лошо, годинава полошо

Недостигот на работна сила и како да се обезбеди соодветен кадар ќе биде најголемиот предизвик со кој угостителите од Охрид и Струга ќе се соочуваат и оваа година. Повеќе од 10.000 работници минатото лето заминаа на работа на хрватското приморје, оставајки ги овдешните туристички капацитети да работат со средношколци и пензионери.

„Најавите се дека ќе биде уште поголем проблем. Се надевам дека ќе најдеме некој модус, некои од луѓето коишто планираат да заминат да ги задржиме овде со поголеми плати со поголеми бенефити. Затоа што се најавите за следната сезона се далеку поголеми од она што беше досега“, изјави Ана Јанчева-менаџер на хотел.

„Ние во Охрид во бирото за вработување има повеќе од 1.000 невработени кувари и поради нив е многу тешко да донесеш странски работници за да им го одбереш профилот. Вториот проблем – треба да го најдиш правиот…“, нагласи Игор Целески-менаџер на ресторан.

Единствено решение најверојатно ќе мора да се бара во увоз на работна сила од други држави. Веќе има агенции кои нудат работници од странство. Се очекува да пристигнат кадри од Индија.

„Дали тоа ќе го даде посакуваниот ефект, останува да се види, но вреди да се проба. Еден работник од странство ќе нè чини околу 1.000 евра. Тие средства може да ги дадеме и на домашни работници и можеби на тој начин ќе ги инспирираме повеќе да останат и овде да работат“, рече Ерхан Папранику- хотелиер од Струга.

Ако проблемот не се реши, тогаш ќе мора да следуваат непопуларни мерки, односно затворање и намалување на дел од капацитетите.

„Ќе треба да се доведеме во ситуација како што веќе работи Европа, да намалуваме оператива поради недостаток на персонал“, изјави Ана Јанчева-менаџер на хотел.

Некои од угостителските објекти веќе почнаа да носат работна сила од надвор, конкретно од Филипините, но се жалат дека процедурите се долги и и сложени.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button