ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Несудените“ полицајци и војници ќе се вдомуваат во ЦУК

Новиот концепт за управување со кризи може да биде идната институција на полицајците и војниците кои нема да го поминат „ветингот“ поради административни причини. Алсат од извори во Владата дознава дека се подготвува Законот за ветинг. Неофицијално се дознава дека сите полицајци и воени службеници кои нема да може да го исполнат образовното ниво за вршење на професијата и кои ќе немаат ни соодветен сертификат за безбедност и државна тајна, ќе завршат во Центарот за управување со кризи. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека првиот услов е моралниот аспект, па за професионалците, вратите ќе бидат отворени.

Новиот концепт предвидува вкрстување на неколку одделенија од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Идејата се базира на меѓународни практики за „Трагање и спасување“.

Минатата недела со одлука на Владата беше формирана работна група, предводена од Ангелов и директорот за заштита и спасување, Беким Максути, која треба да го подготви следниот модел за управување со кризи. На почетокот на следнава година, ќе започне имплементацијата на линијата „112“, односно единствен телефонски број за пријавување итни случаи.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button