ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новите инфекции со Ковид-19 се стабилизираат, смртноста се зголемува

По неколку дена по ред, кај нас се стабилизира бројот на нови случаи со Ковид-19. Така денеска, од 7.932 тестови со Ковид-19, 1.171 биле позитивни, додека вчера биле 1.375, а инциденцата на позитивни случаи е намалена на околу 14%.

Додека позитивните случаи се намалени, смртноста е зголемена во споредба со изминатите денови. Денеска се регистрирани 10 жртви, вчера имаше 4, додека завчера само 2. Вкупниот број на жртви од почетокот на пандемијата се искачи на 8 012. Од Институтот за јавно здравје потврдија дека оздравеле 204 лица, а активни случаи во земјава се зголемени на 9 168.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button