ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Објавена нова аудио-бомба за Зоран Заев

„Шампи(њ)оните од Хотел Парк“ е аудио бомбата која ја објави веб-новинарот Зоран Божиновски. За неполни 24 часа веќе има 46 илјади прегледи, а според Божиновски, во неа се слуша како разговараат Зоран Заев и синот на екс-разузнавачот Зоран Верушевски, Александар. Средбата се случила во Струмица пред пет години додека Заев беше градоначалник. Според аудио-записот, двајцата разговараат како да запре објавувањето бомби за тогашната власт на ВМРО – ДПМНЕ. Го споменуваат и Сашо Мијалков и некаков можен договор. Прашавме денеска во главната опозициска партија кој е нивниот став за објавениот запис.

„Од она што можев кратко да го чујам од онаа бомба што излезе бидејќи не ја преслушав цела, освен криминогеноста на Заев на површина не може ништо друго да излезе и да се чуе. Во однос на други изнесени работи во таа бомба можете слободно да го прашате Заев за да ѝ објасни на јавноста сè во детали“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.

Прашавме во СДСМ дали можат да ја потврдат веродостојноста на аудио-бомбата, но и какви се актуелно односите на Заев со Верушевски јуниор. Одговор не добивме. Но, премиерот Зоран Заев на 19 мај лани непосредно пред изборите, кога беше објавен еден сличен сниман разговор, рече дека Верушевски снимал кога имале состанок во 2016 – та година.

„Ние сме во добри односи. Секој со својата одговорност. Јас сум пријател со сите и не негувам тежини и навистина тој така одлучил така направил. Јас сум многу близок со неговото семејство“, велеше Заев.

Ако тогаш Заев тврдеше дека нема конфликт со семејството Верушевски, само три дена подоцна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Верушевски јуниор тогаш го нарече голем патриот.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button