МАКЕДОНИЈА

Обвинителот Јовески со бугарските истражители ќе го посетат местото на несреќата

Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија.

Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов.

Двајцата ќе се сретнат на местото на несреќата на автопатот Струма, каде што ноќеска излета и се запали туристички автобус со македонски таблици. Во несреќата загинаа 46 луѓе, а седумиина се повредени.

И тим од МВР е упатен кон Бугарија за да им помогне на бугарските колеги во истрагата, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во Бугарија се и премиерот Зоран Заев и министрите Венко Филипче и Бујар Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button