ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Од денеска во Бугарија може да се патува без документи за ковид-статус

Бугарија од денеска ги укинува ковид-сертификатите за влез во земјата за десет држави, меѓу кои и Северна Македонија. Како што стои во одлуката на министерката за здравство Асена Шербезова, од денеска, лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Израел и Египет не се обврзани да прикажат дигитален сертификат на ЕУ за вакцинација, прележан ковид, ниту пак негативен тест или слични документи кои ги содржат истите податоци.

Наредбата, исто така, наведува дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален сертификат или слични документи што ги содржат истите податоци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button