ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Од утре поевтини горива, Регулаторна го објави новиот ценовник

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/литар, и ќе се продава по цена од 84,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 ден.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,50 ден/лит., додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 78,00 ден/литар.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button