ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Осудени во случајот „Кумановска Дива населба“ штрајкуваат со глад

Затворениците од кумановската група, кои ја издржуваат казната во затворот во Скопје, од вчера штрајкуваат со глад. Од вкупно 9, во штрајк се 8 осудени на затворска казна до 15 години. Адвокатот на еден од штрајкувачите, Ирфан Љутфиу, вели дека осудените одлежале половина од затворската казна и имаат право на семејни посети и заминување дома за време на викендите. Но, вели, правото им било ускратено без никаква причина.

Од Управата на затворот Шутка велат дека штрајкувачите имаат законско право да ги бараат овие права, но оти не можат да ги добијат без одлука на Управата за спроведување санкции. Заменик-директорот Садуш Арифи тврди дека 9-те осуденици од кумановската група само се затворени во ќелиите во Шутка, но тие биле во надлежност на затворот од Идризово, од каде биле пренесени во март 2020 година.

„Казнено-поправниот дом прифаќа осуденици на казна затвор до 3 години. Управата за извршување на санкции ги донесе со привремено оправдување од безбедносни причини да престојуваат во просториите на Затворот Скопје. Ние како отворена и полуотворена институција немаме донесено правилник за третман и права на осудени лица со повисоки казни од 5 години“, вели Садуш Арифи, заменик директор на затворот Шутка.

Од Управата за спроведување санкции велат дека не се официјално известени дека некој во затворот Шутка штрајкува со глад. Телефонски ни рекоа дека ќе ги разгледаат нивните претставки, но не дадоа објаснување зошто досега не е одговорено на ниту едно од барањата на адвокатите.

Алиспахиќ пак, коментира дека оваа управа работи со двојни аршини бидејќи некои осуденици од крвавиот четврток на 27 април во Собранието ги уживаат овие права по отслужување на половина од казната.

Осудените од случајот „27 април“ Игор Југ и Александар Василевски-Нинџа, иако се осудени за истото кривично дело тероризам, користат слободни викенди и семејни посети.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button