ВЕСТИЗДРАВСТВО

Ова е бројот на нови случаи од КОВИД-19

Министерството за Здравство во Македонија информира дека во последните 24 часа се направени 4.153 тестови за КОВИД-19 од кои позитивни се 1.554 лица, пишува Алсат.

Повеќе од половина од новозаразените се во Скопје – 825. Во Тетово се регистрирани 82 нови случаи, во Куманово 70, Кавадарци 62, Битола 59, Велес 51, Прилеп 49, Гостивар 44, Струмица 33, Охрид и Гевгелија по 32, Неготино 30, Кочани 21, Штип и Кичево по 20, Струга 16, Свети Николе 15, Ресен 12, Берово и Валандово по 10, Радовиш 9, Крива Паланка и Делчево по 8, Виница 7, Кратово 6, Богданци и Демир Капија по 5, Дебар 4 и во Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по два нови слуачи. Најмалку нови случаи има во Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево

Исто така, регистрирани се 22 починати пациенти, додека од системот „Мој термин“ се пријавени 12 починати пациенти, кои починале во периодот од 30 јануари до 6 февруари 2022 година.

Од вкупно починатите 34 лица, 18 се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети. Бројот на активни случаи изнесува 11.748, додека од овој вирус се излекувале 1.843 пациенти./ Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button