СПОРТФУДБАЛ

Павар го информирал клубот дека сака да си замине од Минхен

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павар го информирал клубот дека по крајот на сезоната сака да си оди од тимот, и тоа една година пред истекот на неговиот договор во 2024 година.

За него се заинтересирани неколку клубови меѓу кои Барселона и миланските Интер и Милан. Во јануари се појавија шпекулации дека миланските тимови понудиле 20 милиони евра за него.

Павар е неизоставен дел од тимот на Баерн од 2018 година. Наводно тренерот Томас Тухел го убедувал Французинот да остане, но тој не се согласил. Сега две опции се во игра: да го продаде ова лето и да заработи нешто од него, или да го задржи до крајот на идната сезона, по што ќе замине како слободен играч./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button