ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски, Џафери и Заев со пораки за Илинден

Во бројните манифестации по повод Илинден, шефот на државата упати пораки за единство и помирување. Претседателот Стево Пендаровски повика на враќање на довербата на граѓаните во државата.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во својот говор пред Собранието истакна дека Илинден и АСНОМ се симбол на мултикултурна држава.

„Нашата држава е обединување на разликите, единствен мозаик во кој секој посебен дел порасна и се разви над своите корени кои биле и се потврда за долговечноста и стабилноста на народите кои живееле и биле дел од ова поднебје“, рече Џафери.

Премиерот Зоран Заев од Пелинце истакна дека духот на Илинден бара единство за прашања од државен интерес. Во врска со членството во ЕУ, Заев побара политичките актери во земјава да бидат решителни и унифицирани, гарантирајќи дека во блиска иднина, Бугарија нема да биде пречка на Македонија за членство.

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски го честиташе Денот со старото уставно име. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи напиша дека Илинден е свет и дека Македонија е повеќе од земја.

„Илинден е свет за нас. Македонија е повеќе од земја, тоа е нашата љубов, нашата мајка, нашето семејство. За неа вреди сѐ. За неа ќе направиме сѐ“, порача Мицкоски.

Македонија со денешниот Илинден ја слави третата годишнина со новото уставно име.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button