ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Досега сме единствени во регионот кои покажавме капацитет за компромис за тешки прашања

Во годината што претстои очекувам уште поинтензивно јакнење на европската солидарност и партнерство, како и натамошно интензивирање на трансатлантските врски. Тоа е влогот, но и гаранцијата која ќе обезбеди мир, просперитет и дополнително зајакнување на демократијата и кај нас и во Европа, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски на традиционалниот годишен прием што за претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во Република Северна Македонија, го приреди вчеравечер во Скопје.

Како што соопшти денеска претседателскиот Кабинет, Пендаровски посочи дека припаѓаат на генерација политичари кои се соочени со, како што рече, „ни малку лесната задача да ги дефинираат контурите на европскиот поредок во кој ќе живеат нашите граѓани, кога војната и страдањата во Украина ќе завршат“.

-Нашиот денешен одговор на трагичните случувања во Украина зборува за тоа како ги замислуваме Европа и светот откако таа војна ќе заврши. Мирот и ослободувањето на Украина се приоритет кој нема алтернатива. Преку нашето претседавање со ОБСЕ оваа година ќе се обидеме да дадеме придонес во таа смисла, заедно со сите останати субјекти. Во овој контекст е важно дали ќе дозволиме историјата да ни се повторува на тој начин што анахроните политички режими ќе управуваат со нашите животи и ќе решаваат за нашата иднина. Демократијата мора да надвладее, а најголемата одговорност за тоа ја имаат оние држави кои ги отворија вратите на демократијата за нашите општества кога Берлинскиот ѕид беше срушен пред повеќе од 30 години. Затоа ова е време кога декларативните заложби треба да бидат заменети со смели одлуки без разлика дали станува збор за воената и хуманитарна помош за Украина, проширувањето на Европската Унија или за безбедноста и економскиот напредок на целиот европскиот простор, порача Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button