ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Трите важни документи за стабилноста на државата

Три документи се издвојуваат по своето значење за стабилноста и иднината на земјата, рече во своето денешно обараќање по повод 20 годишнината од Рамковниот договор, претседателот на државата, Стево Пендаровски.

„Првиот устав од 17 ноември 1991-та кој комисијата на Бадинтер го дефинира како точка на наша формална дисолуција од поранешна Југославија, потоа, Охридскиот договор од 2001-та и Преспанскиот договор од 2018-та, кој ни овозможува влез во меѓународните организации со дефинирани идентитетски маркери и за државата и за македонскиот народ, рече Пендаровски.

Како што додаде тој, иако Договорот често пати бил цел на критики, за него ниту денеска никој не може да пронајде алтернатива.

„Во изминативе 20 години во мојот став за договорот немаше промени: имено, и тогаш и денес сметам дека тоа беше најдобриот можен одговор на политичкото раководство на тогашниот внатрешен безбедносен, политички и историски контекст. Солиден аргумент во прилог на оваа теза е дека и тогаш и денес, дури и неговите најжестоки критичари не се во состојба да понудат оддржлива алтернатива на неговата базична логика“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button