ВЕСТИРЕГИОН

Полициски час во Атина и Солун

Грчките здравствени власти вчера регистрираа 882 нови случаи на заразени и 15 смртни случаи

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави воведување полицискиот час од 00:30 до 05:00 часот наутро во регионите најсилно погодени од новиот коронавирус како и носење маски на отворено.

Во телевизиско обраќање Мицотакис рече дека тоа се Атина, Солун, Јанина, Закинтос и други жаришта, области каде нивото на ризик е означено со три (зголемен мониторинг) и четири (висок ризик).

Освен забраната за движење во текот на ноќта, новите мерки предвидуваат и носење на маски и во затворен и на отворен простор. Тоа ќе биде задолжително и во рестораните, освен за оние кои седат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button