ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полог нема решение за кучињата скитници

Кучињата стануваат се поголем проблем за полошките општини. Обидите за индивидуално решавање на проблемот не дава резултати. Општина Тетово објави тендер за третман на кучиња скитници и до неговото завршување, дел од кучињата скитници беа третирани, но од друга страна, бројот на улични кучиња се повеќе со зголеми. Истото се случува и во општина Теарце. За третман на кучињата скитници се издвоени 1,2 милиони денари, а по улиците на селата во оваа општина има стотици кучиња скитници.

„Претходно, од буџетот и програмата беа издвоени околу 1,2 милиони денари за третман на кучиња скитници, а врз основа на анализата досега, беа третирани 96 кучиња. Ќе продолжиме да ги третираме кучињата скитници се додека не најдеме долгорочно решение. Знаеме дека решението е делумно бидејќи тие пак се враќаат откако ќе бидат третирани“, рече Нухи Незири, градоначалник на Теарце.

„Ги разгледавме можностите, има и барање од советниците тоа да се стави на дневен ред на следната седница за да се најде трајно решение за овој проблем. Бидејќи тоа е проблем на сите општини, ќе го поддржиме секој предлог кој е за решение, ние имаме и наши предлози да бараме долгорочно решение за овој феномен, кој го имаме со години во сите општини“, рече Бесар Дурмиши, претседател на Општинскиот совет на Тетово.

Полошките општини решението го гледаат во изградбата на заедничкото прифатлиште во општина Врапчиште за што се подготвува и проект. Но, и ова, гледано од финансиски аспект, се чини невозможно за овие општини, бидејќи цената ќе биде над 500.000 евра. Градоначалниците се надеваат на европски пари за овој проект.

„Капацитетот ќе биде утврден врз основа на студијата, но првично идејата беше да има поголем капацитет за покривање на девет општини. Ќе има 90 до 120 кучиња третирани неделно, а реалната цена за трансформација на земјиштето и објектот нема да биде мала“, вели Исен Шабани, градоначалник на Врапчиште.

И покрај надежите што општините ги имаат во ова регионално прифатлиште, информациите до кои дојде телевизија Алсат, велат дека се работи за прифатилиште кое ќе има капацитет за третман на само 70 кучиња неделно, кои потоа ќе бидат пуштени на улица, а бројот на кучиња скитници во моментов само во Тетово и Гостивар, според фирмите што ги третирале, е над 3.000 без да се бројат руралните општини.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button