ВЕСТИСВЕТ

Повеќе од 150 припадници на Националната гарда на САД, присутни на инаугурацијата, позитивни на Ковид-19!

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната града кои ја обезбуваа инаугурација на претседателот Џозеф Бајден се позитивни на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Функционер, кој се согласил да зборува под услов да остане анонимен, рекол дека бројот на позитивни  може да биде многу поголем, бидејќи тој ден во градот имало 25.000 припадници на безбедносните сили.

Тој додал дека бројот на позитивни не е многу голем, имајќи предвид колку војници имало тој ден во градот.

Во соопштението на Националната гарда се вели дека нема да дискутираат за случаите, но додале дека персоналот ги следел упатствата на Центрите за контрола и превенција на болести, вклучително и проверките на температурата кога припадниците на Гардата ја напуштиле матичната држава и пристигнале во градот, заедно со пополнетиот прашалник за скрининг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button