ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 20 пациенти, пуштени 24 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Од Министерството за здравство денеска соопштија дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и на Инфективната клиника имало по пет нови приеми на пациенти во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button